Легендарниот германски тенисер и тренер Борис Бекер следната година и три месеци ќе биде жител на злогласниот затвор Вандсворт во Англија.
Најголемиот затвор во Велика Британија го прими својот веројатно најпознат гостин, бидејќи е осуден на две и пол години затвор за проневера, а половина од тоа време треба да го помине зад решетки.
Бекер се обидел да сокрие пари, други вредни предмети и недвижен имот во вредност од речиси три милиони евра, за да избегне плаќање долгови по банкротот.
Како што пишуваат германските медиуми, Бекер нема никакви привилегии во новиот „дом“, без разлика на славата што ја има. Германските новинари открија како изгледала првата ноќ на Бекер во затвор во кој нема никакви привилегии.
„Му беше дозволено да оствари само еден телефонски повик“, објави Билд, тврдејќи дека на Бекер нема да му биде лесно во затвор со ригорозни правила и затвор познат по своите застрашувачки чувари.
Затворот во кој Борис Бекер ќе ги мине следните месеци е целосно ужасен! Имено, станува збор за викторијанска зграда стара околу 170 години, која не е позната како место за врвна хигиена. Има многу нечистотија, стаорци… Услови под секое ниво. Во овој објект моментално отслужуваат затворски казни дури 1.300 луѓе, пренесува Daily Mail.
Бекер се обидел да сокрие пари, други вредни предмети и недвижен имот во вредност од речиси три милиони евра, за да избегне плаќање долгови по банкрот.
Како што пишуваат германските медиуми, Бекер нема никакви привилегии во новиот „дом“, без разлика на славата што ја има. Германските новинари открија како изгледала првата ноќ на Бекер во затвор во кој нема никакви привилегии.
„Му беше дозволено да оствари само еден телефонски повик“, објави Билд, тврдејќи дека на Бекер нема да му биде лесно во затвор со ригорозни правила и затвор познат по своите застрашувачки чувари.
Затворот во кој Борис Бекер ќе ги мине следните месеци е целосно ужасен! Имено, станува збор за викторијанска зграда стара околу 170 години, која не е позната како место за врвна хигиена. Има многу нечистотија, стаорци… Услови под секое ниво. Во овој објект моментално отслужуваат затворски казни дури 1.300 луѓе, пренесува Daily Mail.
Бекер моментално е во самица, но во наредниот период ќе биде префрлен во ќелија каде ќе има цимери. Таму го чека исклучително ниско ниво на хигиена (тоалети, чистење…)
Вандсворт е на врвот на листата на инциденти во затворите во Велика Британија. Службениците за спроведување на законот користат сила во просек четири пати на ден. Судирите меѓу затворениците се речиси секојдневни.
Според организациите за човекови права, на затворениците во Вандсворт им е ужасно досадно, а на чист воздух поминуваат само два часа дневно. Поради тоа, голем број затвореници се обиделе да се самоубијат, додека други побарале стручна помош поради психички проблеми.
Славниот Германец во најдобар случај може да го напушти лондонскиот затвор за 15 месеци, доколку е примерен затвореник, а сепак има право на жалба.