Борис Бекер кој му беше тренер на Ѓоковиќ: Новак црпи енергија од пирамидите во Босна

Новак Ѓоковиќ црпи енергија од ридот кај Високо, изјави легендарниот германски тенисер Борис Бекер во преносот на финалето на Ролан Гарос на Еуроспорт, во кое српскиот тенисер го победи Гркот Стефанос Циципас во пет сета.

Новак црпи енергија од посебно свето брдо. Ѓоковиќ веќе неколку пати го посетил Високо во Босна и Херцеговина, каде што се наоѓа тоа свето брдо. Нема сомнение дека енергијата, за која вели дека ја добил таму, му помага на такви натпревари како што беше овој против Циципас, изјави Бекер, кој е стручен консултант во Еуроспорт.

Google search engine

Германскиот тенисер извесно време беше и еден од тренерите на Ѓоковиќ.

По пет сета, голема драма и лудило, Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, вториот грен слем оваа година.

Откако заврши првиот сет, се чинеше како Новак Ѓоковиќ да се движи малку побавно.

Па, да, малку се повредив. Ништо посебно не се случи да ме спречи да играм. Сепак, ги чувствував последиците од тој пад, ме држеше половина час. Падот во играта ми го наруши темпото, ме погоди малку и ментално, па се мачев и на сервисот, не можев навистина да го погодам првиот сервис. Не сакам да ја негирам одличната игра на Ципипас и да ги омаловажам освоените два сета, рече Новак Ѓоковиќ .

Новак Ѓоковиќ има освоено 19 грен слем титули, 84 турнири и се чини незапирливо, а новинарот се интересираше дали Новак го зеде со себе Свети Сава.

Моите ангели чувари се тука. Јас имам свој посебен агол, тоа е тајна и не можам да ја откријам, но засега тоа врши огромна работа, вели светскиот рекет број 1.