Борбени воздухоплови на НАТО ќе летаат над Скопје

Денеска на скопскиот аеродром и во воздушниот простор над главниот град ќе се организира активност со цел да се демонстрира начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.

За време на оваа активност граѓаните ќе можат да се запознаат и да сведочат на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознае со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

Google search engine

На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

ПретходнаРанг листа на најмоќните држави во светот: На кое место се најдоа САД, Кина… а на кое Русија
СледнаНајголемото невреме што се памети во последните 50 години! Погоди и дел од Европа (видео)