„Бомба“ од Шпанија: Барселона го купува Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски брани во извонредна форма во оваа сезона во Рајо Валјекано, форма која може да му овозможи да го направи трансферот на кариерата.

Имено последните информации кои доаѓаат од Пиринеите говорат дека Димитриевски е на мета на великанот Барселона. Каталонците во 2022 година можат да останат без Нето Мурара кој сака да си замине затоа што е незадоволен од минутажата и статусот, па токму нашиот Столе може да биде замена и конкуренција за сегашната „единица“, Марк Андре Тер Штеген.

Google search engine

Оваа информација ја пренесе „Ел Чирингито“ или поточно новинарот Хозе Алварез. Кумановецот во актуелнана кампања има највисок процент на одбранети удари во Примера, па со тоа го привлече вниманието и може да заврши на „Камп Ноу“.

Репрезентативецот има 27 години и досега има настапувано за Работнички, Гранада, Химнастик, Кадиз и Рајо каде е од 2018 година.

- АУДИО РЕКЛАМА -