Богоев не открива дали ќе биде нов директор на Царина

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев денеска не сакаше да открие дали ќе биде новиот директор на Царинската управа, иако, како што изјави, за ваква опција се разговарало внатре во партијата.

– Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина. Ние сме разговарале за партијата за таа можност. Директор на Царина назначува Владата и тоа е во ингеренција на централната власт. Јас како локална власт не би можел да прејдицирам одлуки на Владата. Можам да потврдам дека внатре во партијата сме разговарале за ваква опција, изјави Богоев, одговаракјќи на новинарски прашања по денешниот увид на градежните работи на улицата „Париска” во Тафталиџе 1.

Google search engine

СДСМ во средата за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски, актуелен директор на ЈП „Водовод” Скопје. Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски изјави дека Богоев ќе биде назначен на некоја функција во извршната власт.