Близначки потрошиле 118.000 евра за да изгледаат идентично и немаат намера да престанат со операциите

Близначките Доли и Дејзи Симпсон (25) од Обединетото Кралство велат дека потрошиле 140 илјади британски фунти (118 илјади евра) на пластични операции за да изгледаат идентично.

Двете близначки заедно со нивната мајка Кристина гостуваа во емисијата This Morning во која отворено говореа за сопствените одлуки да одат на пластични операции за да изгледаат идентично.

bliznachki-potroshile-118-iljadi-evra-za-da-izgledaat-identichno-i-02.jpg

Сè започнало кога имале 18 години и двете заедно одлучиле да ги пополнат усните со филери. По ова одлучиле да направат операции на носот, а операциите на градите ги направиле истиот ден, кај истиот хирург.

Дејзи вели дека нејзиното лице било позаоблено и дека со оглед на тоа што не можат да ја променат структурата на коските, сепак се трудат најдобро што можат да го постигнат да изгледаат идентично.

bliznachki-potroshile-118-iljadi-evra-za-da-izgledaat-identichno-i-03.jpg

„Кога посетуваме хирург секогаш бараме да го постигнеме истиот изглед и сакаме да го добиеме истиот резултат“ – вели Доли.

Сестрите веќе отишле предалеку со ова, па Дејзи открива дека нејзината сестра дури направила и операција на вагината, а таа очекува наскоро да го направи истото, затоа што работите се одложиле поради пандемијата.

bliznachki-potroshile-118-iljadi-evra-za-da-izgledaat-identichno-i-04.jpg

На прашањето зошто толку многу им е важно да изгледаат идентично сестрите велат:

„Не е во тоа дека сакаме да бидеме идентични, туку и двете не сме  самоуверени за истите работи. И двете не се чувствувавме самоуверено, па со тоа што операциите ги правиме заедно си даваме меѓусебна поддршка.“

bliznachki-potroshile-118-iljadi-evra-za-da-izgledaat-identichno-i-05.jpg

Доли признава дека таа е поекстремна во барањата од нејзината сестра и дека би сакала да направи некои работи различно, на пример повторно да ги зголеми градите, но нејзината сестра не прифаќа.

Мајката на девојките, Кристина, очекувано, не го споделува нивниот ентузијазам и вели:

„Кога почнаа да ги прават овие процедури не ми кажаа сè. Јас верував дека тие се убави и пред да почнат да ги прават операциите“ – а додава дека можеби сите проблеми почнале уште во училиште кога девојките биле жртви на врсничко насилство затоа што биле близначки.

bliznachki-potroshile-118-iljadi-evra-za-da-izgledaat-identichno-i-06.jpg

Таа не се согласува со нивните операции, но како родител сака само нејзините ќерки да бидат среќни и здрави и  дека сега се многу посреќни од минатото.

Мајката нагласува дека не се согласува со постапките на нејзините ќерки, но стравува дека може да ги загуби ќерките ако се спротивстави.

bliznachki-potroshile-118-iljadi-evra-za-da-izgledaat-identichno-i-dvete-08.jpg

„Тие се возрасни, имаат 25 години, не можам да ги сопрам. Можам само да ги советувам и да ги поддржувам. Не сум загрижена само за моите ќерки, туку за младите луѓе воопшто“ – вели таа.

bliznachki-potroshile-118-iljadi-evra-za-da-izgledaat-identichno-i-07.jpg