Бјелогрлиќ беше пијан, можеби и дрогиран: Објавена снимката од тепачката со режисерот Антонијевиќ

Откако медиумите објавија дека е приведен глумецот Драган Бјелогрлиќ затоа што го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ во еден хотел во Ниш, сега режисерот раскажа што се случило.

„Во голем шок сум. Тоа мене да ми се случи, во мојот роден град, на филмски фестивал. Седев на троседот со колегите, разговаравме. Ми дојде зад грб, не успеав да се бранам. Беше во видна алкохолизирана состојба, можеби и дрогиран. Непресметливо се однесуваше„, тврди режисерот Антонијевиќ за Блиц.рс.

Google search engine

Тој верува дека нападот може да биде поради две причини.

„Една е корупциската афера која ја открив и поради која сега сме на суд, а втора е тоа што тој е голем противник на филмот „Дара од Јасеновац“. Ова е омраза која се искажа на најлош начин, вели Антонијевиќ.

Дел од српските медиуми објавија видео снимка за која велат дека е наводниот напад.