Фронтменот на југословенската рок група „Бјело Дугме“, во една прилика зборувал за политизацијата на музиката, а опишал и како изгледало кога тие засвирeле пред претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито.
Зборувајќи за тврдењата дека неговиот партиски рок-бенд бил државен проект, Брега ја опишал свирката за Тито.

„А, тоа дека Бјело Дугме бил државен проект? Се сеќавам кога нè повикаа да свириме за Тито за Нова година. Некои внуци на Тито пееја: „Тако ти је мала моја кад љубиш босанац“, па го доведоа тој бенд што ја пее таа песна затоа што сфатиле дека Тито го сака баш тоа.
Но, Tито после пет секунди од нашата свирка ги затна ушите, нè тргнаа од сцената по осум секунди. Така што најмногу десет секунди сум свирел на државен проeкт“, изјавил Бреговиќ во интервју.
Истиот настан своевремено го коментирала и Тереза Кесовија која ја открила приказната и изјавила дека тие всушност не биле избркани, туку дека Тито бил тој којшто не можел да ги слуша, па излегол од просторијата.