Бизарните тајни на манекенките: Јадат памук за да останат сити, хигиенските влошки им се забранети…

Да се биде манекенка не е едноставна работа. Модната индустрија има ригорозни правила и строги диети кои идните, но и сегашните манекенки слепо ги следат…

Модниот свет е премногу сурово место, а на девојката останува да одлучи дали сака да прифати такви услови за работа или не.

Google search engine

Во врска со тоа, манекенката Викторија Кејн ги открила бизарните работи кои се одвиваат во модната индустрија, а манекенките не можат да влијаат на нивната промена.

Нема одење во тоалет

Девојките не можат да користат тоалет дури и ако имаат менструација. Самата Викторија признала дека носела исклучиво црна облека кога имала циклус, за да не се видат евентуалните дамки од крв. Причината е во тоа што има премногу кастинг девојки и штом ќе го изгубите местото во редот поради одење во тоалет, мора да се вратите на крајот на редот.

Нема користење на хигиенски влошки

Влошките не смеат да се користат бидејќи се исцртуваат на одредена облека. Тампоните се дозволени, но под одредени услови. Конецот не смее да се познава, за случајно да не се види од долната облека. Поради ова, моделите најчесто го сечат со ножици, поради што имаат проблем да го извадат подоцна.

Не консумираат течности

Модната ревија е голем настан, а за тој ден телото на манекенката мора да биде совршено. Во една прилика, самата Адријана Лима открила дека 12 часа пред снимање или ревија воопшто не внесува течности.

Јадат памучни вати за да се заситат

Неодамна манекенката Сани Педерсен ја отвори Пандорината кутија кога изнесе застрашувачки факти за жртвите што моделите ги прават за да ги задоволат наметнатите стандарди за убавина.

„Видов како 16-годишна манекенка речиси ќе се убиеше. Јадеше памучни вати само за да преживее, а да остане слаба“, наведува Сани.

Памучната вата останува доволно долго во желудникот за да ве засити, но ова е само еден од низата опасни трикови на кои прибегнуваат манекенките.

Пушат и пијат кафе за да бидат сити

Самата Викторија признала дека не ѝ било лесно. Кога дошла во Њујорк, пушела по 20 цигари дневно и живеела само од кафе. Резултатот?

„Немаше доволно месо на моите коски“, признала таа.

- АУДИО РЕКЛАМА -