Бизарни сцени од Бугарија го обиколија светот: Илјадници луѓе се собрале на планина

Од Бугарија деновите се појавија сцени кои збуниле многумина кои ги виделе и кои не знаеле за што станува збор.

Собраните луѓе во бело изведувале ритуали на планината Рила, туристичка атракција која патниците ги привлекува со природата која ја красат и седумте езера.

Google search engine

Крај едно од тие езера, Бабрека, на 19 август се собрале илјадници луѓе во бело за да ја испратат старата година.

Станува збор за пагански ритуал од организацијата „Универзално бело братство“ со кој секоја година во овој период се дочекува новата духовна година. Оваа секта е основана на верувањето на неопаганизмот.

Испраќањето на старата година кај нив вклучува и нивни танц со име Paneurhythmy кој им оддава почит на ѕвездите и планетите.

Припадниците на „белото братство“ велат дека танцуваат во „космички ритам“ кој сета способност на човекот ја издигнува на повисоко ниво.

Инаку, основач на овој култ е Питер Динов од Бугарија кој тоа го претставил како мешавина на христијанство и индиски мистицизам.

Динов бил син на бугарски православен свештеник. Се школувал во Америка каде поминал седум години, а по враќањето во Бугарија го основал овој свој култ.

Тој починал во 1944 година, а припадниците на неговиот култ денес зборуваат дека се „почитувачи на љубовта и братството, на здравата исхрана и животот во состав со природата“.