Бизарни навики на кралот Чарлс кои никој не ги разбира: „Слуга за миење заби, се пеглаат врвките од чевлите по секое носење…“

Кралот Чарлс има многу специфични навики без кои не може да го замисли секојдневниот живот.

Тина Браун, авторка на книгата „The Palace Papers: Inside the House of Windsor“, објавена на почетокот на годината, меѓу другото открива дека најстариот син на кралицата Елизабета, кога оди да ги посети пријателите, мора да понесе специјални средства за хигиена, како и специјално мартини.

Google search engine

Со него во Бакингемската палата пристигнале и ортопедски кревет, даска за ВЦ школка и тоалетна хартија. Чудните ритуали, кои многумина би ги нарекле бизарни, го следат уште од детството.

Поранешниот помошник на Чарлс, Мајкл Фосет, ѝ рекол на Браун дека на патувањата секогаш го носел своето омилено плишано мече во пластична кеса за да не се оштети играчката. Има и слуга кој секое утро стиска точно два и пол сантиметри паста на неговата четка за заби.

Пол Бурел, поранешен батлер, открил дека пижамите на Чарлс мора да се пеглаат секое утро веднаш штом ќе се разбуди, дека врвките му ги вадат од чевлите по секое носење и ги ставаат под пегла за да се исправат и дека температурата на водата во неговата бања секогаш мора да биде иста.

Изворите велат дека Елизабета не била баш воодушевена од необичните навики на Чарлс…