Кога ќе ‘ѕирнеме’ на социјалните мрежи на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, не можеме, а да не забележиме дека тој едноставно се издвојува од останатите.
Неговиот свет е полн со несекојдневни работи, а ова се само некои од најинтересните.
Закерберг со својата платформа ги промени животите на многумина, а иако е еден од најбогатите луѓе во светот, изгледа дека тој ужива во својот свет.
Тука се и некои работи кои апсолутно би нè зачудиле, а можеби и не, со оглед на тоа дека за себе еднаш изјавил дека тој е ‘едноставно робот’.
Еве за што се работи.
Јадел само месо од животни што сам ќе ги убиел
Пред десеттина години Закерберг јадел само месо од животни кои сам ги убивал, а во тоа се уверил и основачот на Твитер, Џек Дорси, кој еднаш дошол кај него на вечера.
„Тој ми подготви месо од коза за вечера, што ја убил пред да пристигнам“, рекол Дорси.

Иако првично тврдел дека сè направил со ласерски пиштол, подоцна не бил сигурен.
„Мислам дека тоа беше пиштол за примамување. Прво ја зашеметил, а потоа ја завршил со нож. Потоа ја пратил козата кај месарот“, признал тој.
Неговиот вид е причина што Фејсбук е со сина боја
Марк е далтонист, поточно е слеп на црвено-зелени нијанси. Сината е боја која најдобро ја препознава и токму поради тоа избрал таа да доминира на Фејсбук апликацијата.
Плакарот му е полн со исти маици, а една цела година поминал носејќи вратоврска
Иако е милијардер, според неговите фотографии, би рекле дека оди само во една маица. Но, не е баш така – неговиот плакар е полн со исти парчиња облека, меѓу кои сиви маици и темно-сиви дуксери. Вели дека е премногу зафатен за да се занимава со гардероба.

„Се чувствувам беспотребно кога трошам енергија на глупави работи“, објаснил во една прилика.
И покрај неговата лежерност, во 2009-та година носел вратоврска секој ден за да покаже дека Фејсбук е сериозен во справувањето со глобалната рецесија.
Верува дека Фејсбук би можел да ја спречи војната во Ирак
Во својот говор во 2019-та година, Закерберг јавно ги искажал своите ставови за војната во Ирак. Тој сметал дека доколку Фејсбук постоел претходно, можел целосно да ја искорени војната во Ирак.
„Нашата земја ја започна војната со Ирак кога јас бев на факултет. Многу луѓе се чувствуваа немоќни да направат нешто. Тогаш верував дека ако имаа начин да ги споделат своите искуства во врска со војната, дека сè би било поинаку“, изјавил тогаш.
Кога бил основан Фејсбук, неговата првична идеја била да им даде шанса на своите врсници да се изразат.
Неговото хоби е подготвување димено месо и фрлање копје
Основачот на Фејсбук е познат по несекојдневните хобија. Признал дека едно од омилените му е подготвување димено месо.
Тој во едно видео вели дека омилен сос му е „Sweet Baby Ray“ со кој неодамна ги насмеа своите следбеници ставајќи го на полица во дневната соба.
Минатото лето објвил видео во кое фрла копје, а носел и штитници за уши, што прилично ја збунило неговата публика.
„Не ја разбирам заштитата за уши“, „Дали ова на ушите е навистина потребно?“, „Тоа мора да е бучно копје“, „Импресивно“, пишувале следбениците.
Еднаш ‘намерно’ претерал во користење крема за сончање
Сурфајќи на Хаваи, милионерот во една прилика ја насмеал јавноста претерувајќи со користењето крема за сончање.

Марк нанел толку крема што изгледала како да носел маска на лицето, а подоцна објаснил дека тоа го направил намерно.
„Видов дека ме следат фоторепортери, а не сакав да ме препознаат. Се прашував што можам да направам и така си намачкав тон крема на лицето“, рекол тој.
И неговото куче е позната личност
Кучето на Закерберг има своја Фејсбук страница. Редовно е исполнета со фотографии кои секојдневно ги следат речиси 2,5 милиони корисници. И неговата ќерка го обожава, а првиот збор што го изговорила било токму ‘куче’.

Првата средба со сопругата била на неочекувано место
Марк и неговата сопруга Присила Чан се запознале во 2003-та година, чекајќи во ред за тоалет на универзитетска забава.
Заљубени се веќе со години, а од 2012-та година се во брак и имаат две деца.

Минатата година следбениците го прозвале Марк, бидејќи на Присила ѝ подарил прстен кој вреди 25.000 долари, додека неговото богатство во тоа време било проценето на 19 милијарди долари.