Обвинет е за тројно убиство до кое дошло за време на пукање во Канзас Сити во 1978-ма година.
Мажот од Мисури кој цело време тврдел дека е невин и дека не го извршил тројното убиство, се појавил на тридневно сослушување по кое би можел да биде ослободен од затвор по 43 години. Сега одлуката е во рацете на судиите.

Кевин Стрикленд минал 43 години во затвор во државата Мисури. Служи казна од 50 години затвор без можност за помилување за злосторство за кое вели дека не го извршил. Со него се согласува и обвинителката на округот Џексон, Џин Петерс Бејкер.

Обвинет е за тројно убиство до кое дошло за време на пукање во Канзас Сити во 19780-ма година. Жртвата која го преживеала инцидентот, Синтија Даглас, а која починала во 2015-та година, сведочела во 1978-та година дека Стрикленд бил на местото на злосторство.

Даглас во текот на пукањето се здобила со повреди на раката и веднаш им кажала на полицајците дека нападот го извршиле Винсент Бел и Клин Адкинс. Следниот ден кажала дека на местото на настанот бил и Стрикленд, кого го познавала. Но, 30 години подоцна ја повлекла таа изјава, рекле дека погрешила и дека лажно го идентификувала Стрикленд.

Двајцата напаѓачи кои ги идентификувала ја признале вината и секој од нив добил околу 10 години затворска казна, пишува “CNN”.