Бислимовски дозволи: Скопјани ќе плаќаат повисоки сметки за вода

Скопјани ќе плаќаат нова цена на водата. РКЕ определи минимален и максимален износ на цената на водата во Скопје, соопшти денеска првиот човек на Комисијата, Марко Бислимовски.

„Донесена е одлука за минимална и максимална тарифа. Постојната тарифа е 31,87 денар. Минимална тарифа се утврдува на 31,51 денар поради помошта што ја добиваат за пониска цена на електричната енергија, а максималната тарифа е утврдена на 34,82 денари. Јавното претпријатие ‘Водовод’ има три опции за утврдување на цената. Според едната, тоа може да утврди цена еднаква на минималната или максималната или да изберат некоја средна цена. За таа цена треба да одлучи Советот на Град Скопје“, рече Бислимовски.

Google search engine

Тој додаде дека скопски „Водовод“ уште минатата година побарал зголемување на цената на водата над 30 денари.

За новите тарифи што ќе бидат доставени до ЈП „Водовод и канализација“ ќе одлучува Советот на Град Скопје, рече Бислимовски.