Поранешниот водач на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен, наводно им забранил на своите следбеници да го убијат Џозеф Бајден.
Во времето кога беше потпретседател на САД, тој го сметаше за некомпетентен за работа и веруваше дека ќе ја „одведе Америка во криза“, ако џихадистите успеат да го убијат поранешниот шеф на Белата куќа, Барак Обама, пишува Б92.
Како што пренесува Дејли Мејл, Бин Ладен наводно ја дал оваа наредба во 2010 година, а тоа било откриено во едно писмо, меѓу дументите во пакистанското засолниште, каде што бил убиен од американските специјални сили во 2011 година.
Документот беше објавен во 2012 година, но сега повторно е во центарот на вниманието и доби важност по хаотичното повлекување на САД од Авганистан, како резултат на што Талибанците ја презедоа власта, додава британскиот весник.
Бин Ладен напиша порака од 48 страници до помошник идентификуван како Братот Шајк Махмуд, чие вистинско име е Атијах Абд ал Рахман.
На 36 страна од писмото/пораката, Осама изрази желба да формира два тима егзекутори/атентатори, едниот тим во Пакистан, а другиот во Авганистан. Нивната цел била да извршат напад врз Барак Обама, или поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, доколку влезат во една од двете земји.
Објаснувајќи зошто сака да го нападне Обама, Бин Ладен рече дека Обама е глава на неверниците и со неговото убиство, Бајден автоматски ќе стане претседател. Но, Бајден е тотално неподготвен за таа позиција, тој ќе ја одведе Америка во криза.
Што се однесува до Петреус, неговото убиство би го променило исходот на војната, наводно напишал Бин Ладен, како што објавува Дејли Мејл.