Биле во врска 5 години, ги споиле непријатните околности: Кој е љубовникот на принцезата Дајана за кој постои сомнеж дека е татко на Хари?

Британското кралско семејство е преполно со различни интриги и скандали, што е многу интересно за публиката ширум светот, па така и оние кои се најмалку упатени сакаат да прочитаат нешто интересно за нив.

Принцезата Дајана секогаш е неисцрпна тема, а нејзиниот несреќен брак со кралот Чарлс Трети изгледа никогаш нема да добие свој вистински епилог.

Google search engine

Дајана и Чарлс прво го добиле принцот Вилијам, а потоа и Хари, а нивното детство го одбележало и неверството на нивните родители.

Јасно е дека Хари е син на Чарлс, барем така е во официјалните податоци, меѓутоа секогаш постојат некои неофицијални информации кои лебдат и внесуваат сомнеж.

Сите знаеме колку бурен однос имале Чарлс и Дајана, како и неговата афера со Камила, денешната сопруга на кралот, но шпекулациите кои кружат за тоа дека Чарлс не е татко на Хари, дополнително ја заинтригираа јавноста.

Дајана пет години била во врска со инструкторот Џејмс Хјуит за кој се пишуваше дека токму тој е таткото на Хари, а во прилог на тоа оди и неговата неверојатна сличност.

Само две години по раѓањето на принцот Хари, односно во 1986 година тие двајца ја започнале врската.

„Нејзината намера никогаш не беше да се заљуби во мене, секако ни јас немав намера да се заљубам во неа. Но, поради сите околности кои нè споија, сепак тоа се случи“, зборувал Хјуит.

Тој ги демантирал тврдењата дека е татко на Хари и како аргумент навел дека заедничка им се само бојата на коса, а и дека тој ја запознал Дајана кога Хари веќе бил роден.

„Никогаш не сум слушнал дека било кој од членовите на кралското семејство ја разгледал идејата дека Хјуит е татко на Хари, затоа што ние ја знаевме вистината. Тоа е нешто што е измислено. Само затоа што Хари има портокалова коса, но и сите Спенсери имаат таква боја на коса“, изјавил поранешниот батлер на Дајана, Пол Барел.

- АУДИО РЕКЛАМА -