Била свесна кога ја извлекле од автомобилот: Ова се последните зборови на принцезата Дајана пред трагичната смрт

По сообраќајната несреќа за која се докажа дека била фатална, принцезата Дајана била свесна, но нејзината здравствена состојба нагло се влошила.

Кон крајот на месец август 1997 година, светот беше потресен од веста дека принцезата Дајана, поранешна сопруга на принцот од Велс, жената која ја обожуваа милиони – почина.

Google search engine

„Мерцедесот“ во кој таа се возела бил целосно уништен, а нејзиното момче Доди ал Фајед и возачот Анри Пол починале на местото на несреќата.

Дајана била итно оперирана, но состојбата нагло се влошила и набрзо потоа починала и таа.

Речиси 24 години по овој трагичен настан, „Daily Mail“ му се обратил на Гурмело, пожарникарот кој меѓу првите се нашол на местото на несреќата.

Тој раскажал дека прво не бил свесен дека жената на која ѝ помага била принцезата Дајана и дека му изгледало дека таа е во добра здравствена состојба.

„На англиски рече: О, мој боже! Што се случи?“, се присетил пожарникарот.

„Тоа можев да го разберам, па се обидов да ја смирам, ја фатив за раката“.

Тој ѝ помогнал на Дајана да излезе од автомобилот, а таа потоа била однесена во болница, каде починала без оглед на напорите на докторите и брзата реакција на сите кои биле вклучени во тоа.

Истрагата покажала дека причина за несреќата било невнимателното возење, како и дека патниците настрадале поради тоа што не биле врзани со појасите.

ПретходнаНајлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за климата
Следна5 совети за сексот кои секоја жена треба да ги применува