Била малолетна проситутка која ја кренала Франција на нозе со скандалот со фудбалерите

Не бирала средства да дојде до слава, а пред седум години се нашла во центарот на скандалот кога се дознало дека двајца фудбалери имале односи со неа кога била малолетна проститутка.

Името Захија Дехар е добро познато во Франција, но и ширум светот по скандалот од 2010-та година, кога фудбалерот Карим Бензема заедно со Франк Рибери се нашол во центарот на скандал со тогаш малолетната проститутка Захија. Дехар тогаш со за вечер со фудбалерите добила 700 евра, а потоа добила повик на суд, на кој било утврдено дека фудбалерите не можеле да знаат колку години има. Парискиот суд во јануари 2014-та година ја отфрлил тужбата против Карим Бензема и Франк Рибери, која ги товарела за заведување на малолетничката Захија Дехар во 2010-та година.

Google search engine

Оваа девојка во време на големиот скандал работела како проститутка, а поради тоа фудбалерите за малку ќе завршеле зад решетки. Згора на се, била и малолетна.

Од тој момент нејзината кариера “експлодирала”, па била на насловните страници на многу светски новини, а финансиери од сите страни на светот и нуделе пари да изгради кариера. Поради нејзиниот став и интервјуата во Франција го добила прекарот “Скандалозна”.

Родена е во Алжир на 25-ти февруари 1992-ра година, а на 10 години со својот брат се преселила во Франција.

На 16 години станува проститутка, а се зборувало дека месечно заработува 20.000 евра од најстариот занает на светот.

Нејзиниот татко и натаму живее во Алжир и се откажал од неа откако испливале обвиненијата и секс скандалот. Во Франција инаку сексуалните односи се дозволени од 15 години, но законот вели дека проститутките не смее да бидат помлади од 18 години. Поради неа Бензема бил исфрлен од репрезентацијата непосредно пред Светското првенство во 2010-та година.

Таа денеска е актерка во познати улоги во филмовите на “Лесна жена” и “Жозефин, трудна и прекрасна”, а во меѓувреме огромниот медиумски публицитет го искористила и станала дизајнер на долна облека.