Џејкоб Милер некогаш бил најдебелиот тинејџер на светот, кога имал само 15 години тежел 320 килограми. Тогаш сфатил дека неговата телесна маса ќе го убие и одлучил да се спаси.
Неговата приказна е снимена во бројни документарни филмови. Имал хормонални пореметувања и се здебелувал 45 килограми годишно, а на една година имал 23 килограми.
„Роден е 5 недели пред терминот. Секогаш беше ‘големо дете’. Беше лесна мета на шеги на своите врсници“, вели неговото семејство. Дедото открива дека не можел да го пренесе Џејкоб преку улица кога имал една и пол година.
Злоставувањето од страна на децата земало голем замав, па менувал училишта и станал депресивен.
Лекарите тврделе дека се работи за хормонално пореметување, но не го идентификувале. Постоел ризик да поминат неколку години пред да откријат зошто Џејкоб толку брзо расте, но немале време за губење. Тежината му го загрозувала животот.
Бил на строга диета, а потоа му била направена и операција која требало да му помогне да ја намали тежината. Страдал од дијабетес, замастен црн дроб… Болести само си доаѓале, а решение немало.
Но, Џејкоб не се предавал. Постојано бил на диети, вежбал и никогаш не се откажувал од борбата. На крајот од неговиот документарец имал 240 килограми. Ослабел неверојатни 80 килограми.