Методите за детекција и борба против коронавирусот се доцна применети, но можат да бидат корисни во следната глобална пандемија, оцени основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
Гостувајќи во шоуто на Карлос Вотсон, Гејтс изјави дека е разочаран од тоа како Соединетите Американски Држави реагирале на коронавирусот. Тој го пофали одговорот на Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и уште неколку други земји.
„Очекував дека САД ќе бидат предводник во бројот на тестирања и настојувањата бројката на заразени да не биде голема. Исто така, очекував Центарот за превенција и контрола на заразни болести да биде гласот кој објаснува дека носењето на заштитна маска прави голема разлика“, изјави Гејтс.
Според Гејтс, доцна започнал да се користи третманот со моноклонски антитела.
„Значи, сите средства за сузбивање на пандемијата сега се користат. Би сакале да го имавме тоа на почетокот. Дури ќе се појави и нов начин на тестирање, но тоа ќе биде корисно во текот на следната пандемија“, изјави Бил Гејтс.
Како што истакна основачот на „Мајкрософт“, иако пандемиите се непредвидливи, следниот пат реакцијата мора да биде многу подобра. Смета дека ако во декември минатата година се знаело што се случува, тогаш коронавирусот веројатно немало да се прошири на остатокот на светот.