Бил Гејтс: „Не бевме подготвени за пандемијата, но крајот се наѕира“

Милијардерот Бил Гејтс оценил дека „светот не се подготвил за пандемијата на коронавирусот ниту близу колку што требало“, но дека вакцините против коронавирусот ќе им помогнат на луѓето да се врати светот во нормала.

„Кога пандемијата нè погоди, сфативме дека тоа е глобален проблем и дека мора да организираме ресурси на светско ниво. Многумина помогнаа, особено Обединетото Кралство, Франција и САД кои што заедно со СЗО и нашата Фондација кажаа: ‘Ок, што може друго да направиме’?“, раскажал Гејтс во интервју за „Скај Њуз“.

Google search engine

„Коалицијата за иновации и подготвеност на епидемија помогнала во истражувањето на вакцината, Сојузот за вакцинација купуваше вакцини, Глобалниот фонд финансираше терапии на база на кислород. Тоа е тоа што го правеше и нашата фондација, ги користеше сите дополнителни ресурси и ги координираше на глобално ниво“, изјавил основачот на „Мајкрософт“.

Гејтс оценил дека тоа е исклучително важно поради то што светот не се подготвил ниту близу за пандемијата колку што требаше.

„Во текот на пандемијата учевме, но би кажал дека делумно поради тоа што го направи нашата фондација, а делумно поради парите кои што за развој и истражување ги дели со САД, сега имеме вакцини и гледаме дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот“, оценил Бил Гејтс.

ПретходнаЈагнешкото месо пред Велигден до 380 денари за килограм, а по празникот најава за 40% поскапо свинско месо!
СледнаНеспојлив пар: Целосно се различни, повеќе не се кријат, а очигледно е дека уживаат заедно