Бикини забава на студениот север од Русија: „Не нѝ е ладно, имаме вотка“

Познатото скијачко одморалиште „Big Wood“ се наоѓа на самиот север на Русија, на планината Кибини во регионот Мурманск.

Иако Русија не може да се пофали со пространи плажи и луди забави на крајбрежјето, Русите пронашле начин да го надополнат тоа задоволство и да ги покажат своите извајани тела.

Google search engine

Имено, таму секоја пролет се одржува ‘бизарно’ бикини скијање. „Big Wood“, едно од најпознатите руски скијалишта е домаќин на необичен фестивал под името „Khibiny Bikini“, кој го одбележува крајот на зимската сезона.

На почетокот на мај, многу храбри љубители на скијањето и забавувањето се разголуваат, па своите скијачки костими ги заменуваат со костими за капење.

Во тоа не можат да ги предомислат дури ниту температурите кои често паѓаат под нулата.

„Не нѝ е ладно, имаме вотка“, тврдат скијачите.

За жешката атмосфера допринесуваат и многу диџеи, кои за време на фестивалот се менуваат на сцената. Самиот фестивал завршува со спектакуларен огномет.