Владимир Рогов, член на регионалната воено-цивилна администрација на регионот Запорожје, на својот канал Телеграм напиша дека единствената шанса Наталија Вовк да остане жива е веднаш „да истрча во руската амбасада во Естонија и да поднесе барање за азил“.
– Единствената шанса Наталија Вовк да остане жива е веднаш да истрча во руската амбасада во Естонија и да побара азил. Тогаш ја чека судењето, а таа може да си го спаси животот, напиша Рогов на својот канал Телеграм.
Да потсетиме, руската ФСБ вчера објави дека Наталија Вовк е осомничена за убиство на ќерката на познатиот руски геополитичар Александар Дугин.
Како што се наведува и како што е објавено на видеата кои ФСБ ги објави за руските медиуми, Наталија Вовк може да се види во различни ситуации за време на нејзиниот престој во Москва.
Наводно, според ФСБ, изнајмила стан во зградата во која живеела Дарја Дугин. Тоа и го олесни следењето на секојдневните навики и движења пред ликвидацијата.
Исто така, ФСБ наведува дека таа имала и асистент од редовите на националистичкото движење Азов, чиј поранешен член била Наталија Вовк, што е информација што руски хакери ја доставиле до ФСБ.