Беше олицетворение на природната убавина, а сега излегува со прекриено лице: Славната актерка повеќе не личи на себе

Меган Фокс е позната по својата убавина и моментално важи за една од најбомбастичните жени во Холивуд.

Сепак, таа често ги принудува обожавателите да се прашуваат дали се подложила на некоја пластична операција, иако никогаш не зборувала јавно за тоа. Неодамна, Фокс била видена како напушта ординација за пластична хирургија со крпа преку главата и во количка.

Google search engine

Меган се обидела да го сокрие својот идентитет покривајќи ја главата со крпа додека излегувала од ординацијата.

37-годишната актерка, позната по својот неверојатно добар изглед, била фотографирана во посета на пластичен хирург на Беверли Хилс во Калифорнија. Една од медицинските сестри ја довела Фокс до нејзиниот црн теренец, а таа била облечена во пар светлосини хеланки и широк жолт џемпер.

Ѕвездата на „Transformers“ со години беше опкружена со гласини за естетските корекции кои ги направила, но тоа никогаш не го потврди јавно. Сепак, Фокс во една прилика призна дека нема ништо против пластичната хирургија.

„Би го охрабрила секој кој сака да направи некоја пластична операција најпрвин да разговара со терапевт, да се обиде да сфати од каде доаѓа таа желба. Бидејќи многупати тоа не е поврзано со вашите заби, нос или брада – операцијата нема да ви ја ублажи таа несигурност“, изјави таа, а во разговор за „Allure“ во 2010 година, додаде:

„Ако тогаш чувствувате дека тоа е нешто што сакате да го направите, тогаш направете го тоа. Неверојатно е дека ја имаме технологијата да ги правиме нештата кои ги правиме“.

Од тоа интервју очигледно е колку се променил изгледот на убавата Меган. На нејзините фотографии на Инстаграм може да се забележи дека има многу потенок нос, поголеми усни и поголеми гради од претходно.