Беше најубавата мисица во Југославија: Скандалот со голите фотографии скапо ја чинеше, а еве како изгледа денес

Прекрасната Словенка, Бернарда Маровт важеше за најубава жена во Југославија.

Според многу анкети, Словенката Бернарда Маровт беше прогласена за најубава мисица која Југославија некогаш ја имала.

Google search engine

Беше предодредена за успех, а за тоа зборува и фактот дека календарот за 1982 година на магазинот „Старт“, кој во социјализмот го заменуваше „Плејбој“, поради фотографиите на Бернарда бил продаден во неверојатни 350.000 примероци.

Словенката стана Мис Старт и Мис Пентхаус пред да реши да си ја проба среќата на изборот за Мис.

Бернарда беше избрана за Мис Југославија на изборот во Загреб во 1982 година. На натпреварот за најубава жена на светот во Лондон, таа влезе во полуфиналето, односно меѓу 15-те најубави тогашни девојки на светот.

 

Сепак, на крајот ја дискредитираа поради голите фотографии објавени во „Старт“, а кои само два дена претходно беа објавени во „Дејли Мирор“.

Прогласена е за топ модел на Италија и топ модел на Европа, а на врвот на својата кариера заработувала 3.000 долари дневно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bernie Marovt (@berniemarovt)

Денес има 61 година и понатаму работи како модел и снима реклами. Таа долги години организира меѓународен натпревар за фотомодели во Словенија, а отворила и училиште за манекенство за млади.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bernie Marovt (@berniemarovt)

Често учествува во организирање модни ревии и настани. Живее на релација Словенија-Италија, каде има модна агенција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bernie Marovt (@berniemarovt)

- АУДИО РЕКЛАМА -