Светскиот шоу-бизнис синоќа го шокираше светот со веста дека музичарот Арон Картер почина на 34-годишна возраст. Пејачот бил пронајден мртов во кадата во својот дом.
Од друга страна, никој не може да каже дека ваквиот крај не бил очекуван после повеќегодишната борба на пејачот со низа проблеми.
И, додека на оние кои се родени во 90-тите ова име им е добропознато, многумина можеби се прашуваат кој е воопшто Арон Картер?

Малкумина не се сеќаваат на „Backstreet Boys“, можеби и најпопуларниот бенд на сите времиња, а секако дека еден од најслатките членови бил Ник Картер. Тогаш, кон крајот на 90-тите во текот на популарноста на Ник, патот до музичката кариера го нашол и неговиот помал брат Арон.
Помладиот Картер ја започнал кариeрата кога имал само девет години, а првиот од издадените четири албуми му бил и најуспешен, додека пак во текот на животот продал над 70 милиони албуми.
Тешко детство

Ник и Арон Картер имале тешко детство поради честите кавги со родителите, а дополнително ги оптоварила и славата. И двајцата браќа признале дека ги допирал и малтретирал врсник во училиште, а Ник во една прилика истакнал дека го спасило само тоа што бил дел од тој бенд и дека тие му биле единствената поддршка во животот.
За жал Арон не ја нашол својата сламка спас, како и нивната сестра Лесли која починала на само 25 години од предозирање со антидепресиви.
Тој своевремено тврдел и дека покојната Лесли го силувала додека бил дете, наводно го злоставувала од кога тој имал 10 години сè до неговата 13-та година.
Уште еден голем удар за Арон била смртта на неговиот татко во 2017 година, а тој него го нарекувал суперхерој. Исто така тој бил во лоши односи со братот Ник и својата сестра близначка Ејнџел, па во 2019 година добил забрана за пристап до блиското семејство.
„Во светлото на неговото алартмантно однесување и неодамнешно признавање да размисли за убиството на мојата бремена сопруга и моето неродено дете, немаме друг избор отколку да се обидеме на сите можни начини да се заштитиме“, образложил Ник тогаш.

Ник воедно ѝ објаснил на јавноста дека Арон ѝ признал на нивната сестра Ејнџел дека боледува од шизофренија и биполарно нарушување, како и дека чул гласови за „убивање бебе“. Кога Ејнџел го прашала дали размислува да убие некој, едноставно одговорил дека размислува за Лорен Кит, а тоа е сопругата на Ник.
Покрај менталните проблеми пејачот имал проблеми и со зависноста од наркотици и антидепресиви, а пател и од нарушување со исхраната. Своевремено во емисија на американска телевизија отворено ги наброил дијагнозите, покрај нарушувањето во исхраната и зависноста.
„Службено патам од нарушување на личноста, акутни тегоби, депресивен сум. Со ова се борам секој ден“, изјавил тој.
„Консумирав дрога за да ја блокирам болката и анксиозноста, ја изгубив кариерата, родителите ми се разведоа, го изгубив татко ми, сестра ми, брат ми Ник, Ејнџел. Како да продолжам понатаму? Не знам“, изјавил пејачот во 2017 година.