Беше најдебелото момче на планетата – на 10 години имаше 192 килограми, сега е целосно друго дете

Арја Перман од Индонезија на само десет години имал 192 килограми. Морбидната гојазност ова момче од Индија го запрепасти целиот свет, а додека луѓето се чудеа, тој и натаму јадеше сè пред себе…

За да намали толкав вишок на килограми морал да се оперира, но пред тоа морал да намали дел од килограмите. Докторите му препишале диета која се состоела само од овошје и зеленчук и многу пешачење и пливање, но тој со таа диета успеал да ослабне само девет килограми поради тоа што со поддршка на своите родители често ги кршел правилата на диетата.

Google search engine

Тој не можел да оди на училиште поради тоа што движењето му било голем напор, а не можел ниту да седи. Затоа докторите постојано го мотивирале и следеле, па ситуацијата започнала да се менува.

Момчето успеало да изгуби само 9 килограми за четири месеци пред операцијата која ја имал во април 2017 година. Сепак, две седмици пред рокот успеал да ослабне уште 17 килограми, па операцијата за намалување на желудник му била закажана. Потоа продолжил да слабее, а и натаму е на режим на исхрана и редовно вежба.

Големата промена му била количината на храна која ја внесува затоа што по намалувањето на желудникот, драстично се намалила количината која ја внесува во организмот. Така сега Арја е сит по само шест лажици оброк, што и натаму му е чудно.

Го чуди и фактот што без проблем може да оди надвор и да игра со своите другари, додека бил дебел деновите ги поминувал затворен дома.

Арја успеал вкупно да ослабне 107 килограми. Сега живее поразличен живот, може да се качи во авион, може да трча, може да се качува по скали.

Тој вели дека многу му помогнало тоа што ја сменил исхраната, но и спиењето. Денеска јаде три оброци на ден, главно тоа е печено пилешко, ориз… Истакнува дека смета дека промената на образецот за спиење исто така неверојатно му помогнала.

„Некогаш спиев од четири наутро и станував во три попладне. Денес легнувам во кревет во 10 навечер и станувам рано наутро. Некогаш јадев нудли и пиев газирани пијалаци. Оризот никогаш не сум го јадел. Сега усвоив здрави навики во исхраната, а покрај тоа вежбам. Животот ми е многу поразличен“, вели ова момче.