Популарниот фудбалер Дирк Кајт сега изгледа целосно поразлично во однос на времето кога бил на фудбалските терени ширум светот, а најголемите заслуги им припаѓаат на пластичните хирурзи кои „режирале“ вистинско чудо.
Огромната трансформација била воочена кај холандскиот ас, а претходно тој често бил на мета на противничките навивачи кои се шегувале на сметка на неговиот физички изглед, а сега… Сега е целосно друга приказна!

По неколку хируршки зафати, Дирк изгледа целосно поразлично, речиси како вистински манекен, па не е ниту чудно што на социјалната мрежа Инстаграм има 785 илјади следбеници, а бројни жени под фотографиите му пишуваат навистина восхитувачки коментари.
„Направив корекција на капаците на двете очи. Тоа беше потребно затоа што кога ќе бев изморен или ќе се напиев чаша вино, капаците ми се спуштаа“, признал Кејт неодамна.

Тој со промените во својот изглед одел чекор по чекор, па така прво ги средил забите, до таа мера што изгледаат совршено, а потоа ги средувал ушите.
Тоа што е најчудно е тоа што на неговото лице повеќе не можат да се воочат брчки кои ги имал во текот на деновите додека играл фудбал.
Инаку, Кајт во текот на својата фудбалска кариера настапувал за Утрехт, Феенорд, Ливерпул и Фенербахче, а убедливо најголема трага оставил настапувајќи за англискиот великан.
View this post on Instagram
Исто така тој за репрезентацијата на Холандија забележал прекрасни натпревари, а одиграл вкупно 104 натпревари и постигнал 24 голови.
Па така поради тоа што како последица на успешната кариера заработил многу пари, дел од своето богатство го издвоил за да го поправи својот и не баш атрактивен изглед.
View this post on Instagram
View this post on Instagram