Бес во источното крило на НАТО: “Bloomberg” за загриженоста по разговорот меѓу Бајден и Путин

Источноевропските земји го критикувале предлогот на американскиот претседател Џозеф Бајден за отворање на дијалог меѓу Русија и НАТО по повод ситуацијата во Украина, пишува американската агенција “Bloomberg”.

Во статијата во која се повикува на неименуван дипломат, агенцијата наведува дека ставот на Вашингтон по тоа прашање “ја разбеснил владата на една од тие држави”.

Google search engine

“Бараат итно да се разјасни што планира претседателот Бајден”, навел изворот.

Како што се истакнува, “источното крило на НАТО” е загрижено поради можните отстапки за Русија од аспект на политички гаранции и ограничување на делувањето на Алијансата.

Претседателот на САД, инаку, разговарал со лидерите на “Букурешката деветорка”, односно групата држави кои го сочинуваат источното крило на НАТО, за украинската криза.

Разговорот бил одржан по видео-конференцијата на Бајден со Путин и телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Разговорот траел околу 40 минути. Деталите не биле објавени, но американската администрација претходно соопштила дека американскиот претседател планира да ги информира партнерите за разговорот со Путин, да го слушне нивното мислење за актуелната безбедносна ситуација и да ја истакне приврзаноста на САД кон трансатлантската солидарност.

- АУДИО РЕКЛАМА -