Познатиот експерт за преживување во дивина, Бер Грилс, признал дека се срами што своевремено промовирал веганство.
Сведоци сме на многубројни теми кога е веганството во прашање – додека едни тврдат дека ваквата исхрана е најздрава, други остро ја критикуваат. За тоа често зборуваат и здравствени експерти, но Бер Грилс одлучил да се откаже од ваквиот режим на исхрана, а сега се храни исклучиво со црвено месо и воопшто не консумира зеленчук.
„Бев веган пред многу години. Всушност, напишав веганска книга за готвење и се чувствувам малку засрамено бидејќи навистина го промовирав тоа. Мислев дека тоа е добро за околината и за моето здравје. Времето, искуството и проучувањето ми покажаа дека не бев во право и за едното и за другото“, признал Бер, кој денес консумира многу црвено месо, јајца, овошје и мед, а избегнува преработена храна, леб, тестенини и зеленчук.
„Кожата и дигестијата никогаш не ми биле подобри. Сега, кога подобро се хранам, откривам дека сум многу посилен“, тврди Грилс, кој секој ден го започнува со прошетка, додека секој втор ден практикува тренинзи за сила. Тренинзите ги започнува со 25 згибови, 50 склекови, 75 клекнувања и 100 стомачни вежби.
За потсетување, Грилс е поранешен маринец кој се прослави со емисиите за преживување, во кои гостуваа и многу познати личности како Ченинг Тејтум, Ед Хелмс, Кејт Хадсон, Мајкл Б. Џордан, Бен Стилер, Ештон Качер, Шекил О’Нил и други.