„Bentley“ го гради своето прво архитектонско „чудо“ вредно 4,2 милиони долари

„Bentley“ автомобилите се толку неверојатни што едноставно би посакале да живеете во нив.

Сепак, популарниот бренд посветен на класичниот луксуз одлучил да ни даде можност да уживаме во нивната елеганција во еден облакодер со нивен потпис.

Google search engine

Автомобилскиот бренд се здружил со компаниите „Dezer Development“ и „Sieger Suarez Architects“ за да го изградат првиот станбен објект со нивен потпис.

Удобната резиденција „Aston martin“ во Мајами ќе има конкуренција од 60 катови која се рекламира како највисока станбена зграда на американската плажа и има над 200 луксузни станови со околу 600 квадратни метри вкупен ентериер и 200 квадратни метри екстериер. Сите станови се на одлична локација и низ прозорците кои се протегаат од подот до плафонот се дава неверојатен поглед кон Мајами Бич.

Екстериерот ќе има еднакво важна улога како и ентериерот. Станарите можат да очекуваат пространи приватни тераси со базен, сауна и туш. Покрај становите тука се и гаражите за повеќе автомобили и патентирани лифтови за автомобили.

„Bentley“ нуди неколку заеднички содржини како што се ресторан само за станарите, внимателно уреден бар и салон за љубителите на цигарите.

Во облакодерот ќе има кино, скап фитнес-центар и прекрасни заеднички градини во склоп на зградата.

„Направен имајќи ги предвид и сопствениците на луксузните автомобили, секоја резиденција ќе вклучува и гаража за повеќе автомобили, како и патентиран лифт за автомобили заедно со сите луксузни содржини и услуги од светска класа“, објасниле од „Bentley“.

Зградата изгледа неверојатно со фасада налик на дијамант која содржи рефлексивна површина со прозорци од триаголно стакло.

„Bentley Residences Miami“ би требало да биде готов до 2026 година со станови вредни 4,2 милиони долари.

- АУДИО РЕКЛАМА -