Белгија спроведува клинички испитувања: Антителата од ова животно наскоро ќе бидат клучни во борбата против Ковид-19?

Антителата пронајдени во крвта од лама можат наскоро да имаат клучна улога во глобалната борба со коронавирусот, доколку клиничките испитувања кои ги спроведува белгиската биомедицинска компанија ги исполнат претходните очекувања.

Истражувачите од Центарот за медицинска биотехнологија во Гнет велат дека антителата извлечени од ламата „Винтер“ во лабораториските тестови ја намалиле вируленцијата на инфекцијата вклучувајќи ги и варијантите на вирусот, пренесува „Ројтерс“.

Google search engine

„Таа метода која би можела да ги штити луѓето со послаб имунитет и би ги лекувала заразените луѓе во болница, потенцијално „ќе ја смени играта““, изјавила главната медицински службеничка од Центарот во Гент, Доминика Терсаго.

„Во овој момент не гледаме мутации на високи фреквенции никаде во близина на врзувањето“, изјавила Терсаго.

Таа додала и дека антителата покажуваат и „силна активност на неутрализација“ против високо заразниот делта сој на коронавирусот.

Истражувачите очекуваат дека клиничките испитувања на здрави доброволци кои започнале минатата недела во партнерство со белгиската фармацевтска компанија „UCB“ заедно со оние луѓе кои се хоспитализирани, ќе бидат еднакво ефикасни.

Претходнад-р Пановски: „Првите 6 месеци по прележан Ковид-19 не треба да се вакцинирате. Не знам зошто Филипче не нè почитува и се повикува на некои анонимни експерти“
СледнаМајкл Џордан лудува на Јадранот, снимен е како паѓа од џет ски во Шибеник и ужива на јахта долга 95 метри која го чини цело богатство (видео)