Белгија мора да ги укине сите епидемиолошки мерки

Судот во Белгија и нареди на федералната влада да ги укине сите мерки воведени за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирус, бидејќи тие не се засновани на законите.

Првостепениот суд во Брисел и даде рок од 30 дена на Владата да ги повлече сите мерки, а доколку не го стори тоа, ќе плати 50.000 евра за секој ден на пречекорување, објави Политико.

Google search engine

Ова практично значи дека владата ќе има еден месец да најде начин да ги легализира епидемиолошките мерки како што се полициски час, затворање ресторани или забрана за собирање на поголем број луѓе.

Во изминатата година, федералната влада користеше декрети за наметнување на разни ограничувања без одобрување од парламентот.

Со цел да се воведе во законската рамка, Владата го усвои предлогот на таканаречениот „Пандемиски закон“ на крајот на февруари и го проследи до Собранието, но тој сè уште не е стигнат на дневниот ред.

На крајот на февруари, владата беше тужена од неколку организации за човекови права, кои тврдеа дека мерките не се засноваат на закони, со кои судот се согласи.

Федералната влада објави дека ќе ја обжали пресудата до второстепениот суд.