Белата куќа во лов на руски хакери. Плаќа десет милиони долари за нивниот идентитет

Стејт департментот ќе понуди награди до 10 милиони американски долари за информации што би довеле до идентификување на лицата вклучени во злонамерни хакерски активности.

Наградата важи и за таканаречените ренсомвер напади, односно на поединци кои со хакерски напади врз важна американска инфраструктура го блокираат пристап до податоци сè додека не се плати откупот.

Google search engine

Активностите за борба против ваквите напади ќе бидат координирани од специјална работна група формирана од Белата куќа.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден исто така ја објави веб-страницата stopransomware.gov, која нуди јавни ресурси за спротивставување на таа закана и да се изгради поголема издржливост на американската сајбер инфраструктура, изјави за новинарите висок службеник.

Американските власти денес исто така одлучија Одделот на Министерството за финансии за финансиски криминал да соработува со банки, технолошки компании и други со цел поефикасно да се бори против перењето пари во форма на криптовалути и побрзо трагање по приходите од ренсовмер нападите платени во виртуелна валута.