Башановиќ барал од Заев Јасна Мандиќ да не оди во притвор, премиерот рекол “Ќе видам што можам”

Поранешната заменик-претседателка на организацијата „Меѓународен сојуз“ и обвинета во случајот “Меѓународен сојуз”, Јасна Мандиќ, на денешното рочиште открила дека советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ, ургирал кај премиерот таа да не оди во притвор.

За време на рочиштето обвинителство читало вибер комуникација од нејзиниот телефон, а Мандиќ за една од преписките рекла дека не е нејзина, туку е препратена комуникација од премиерот Зоран Заев и неговиот поранешен советник Зоран Башановиќ, кој бркал врски таа да не оди во притвор.

Реклама

Обвинителката Милица Гаврилова немала коментар.

Според споменатата вибер-комуникација, едното лице, според Мандиќ, Башановиќ, му вика друго лице, според Мандиќ, Заев, да види дали е можно Јасна да не оди во притвор, Заев му вели:

“Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”.

После тоа Мандиќ добила куќен притвор, за разлика од првообвинетиот во “Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски.

Обвинителката Вилма Русковска тогаш кажа дека Мандиќ ќе оди во домашен притвор бидејќи има дете со здравствени проблеми.

 

Реклама