Швајцарското здружение на банкари “SBA” проценило дека банките држат меѓу 150 и 200 милијарди швајцарски франци, односно 213 милијарди американски долари на руски клиенти на офшор сметки. Швајцарското здружение на банкари тој податок одлучил да го открие откако Швајцарија преземала невообичаени чекори, и по руската инвазија на Украина, одлучила да ги примени санкциите на ЕУ на руските пари.
Во Швајцарија трае се пожестока јавна расправа за руското богатство во нејзините банки, а ко-претседателката на социјалдемократите Матеа Мајер бара блокирање на парите кои им припаѓаат на Русите блиски до претседателот Путин и неговата влада, бидејќи, како што рекла, тие пари помагаат во финансирањето на војната.
Швајцарското министерство за економија соопштило дека нема јасна проценка за замрзнатиот руски имот, но ги следи извештаите на банките кои се соочуваат со се поголемата листа од швајцарски санкции. “SBA” истакнува дека уделот на рускиот имот во швајцарските банки е мал во однос на севкупните средства кои се чуваат во Швајцарија, односно дека се работи за едноцифрен процент.
Немаат јасна проценка на замрзнатиот руски имот
Аналитичарите тврдат дека, кога станува збор за руските клиенти, директната изложеност на швајцарските банки е “поднослива”. “Credit Suisse” прв пат детално ја претставил својата нето кредитна изложеност на Русија на крајот на годината, која вклучувала кредитирање на богати клиенти, како и изложеност на трговски финансирање и инвестициско банкарство.
“Credit Suisse” соопштил дека има бруто изложеност на Русија од 1.6 милијарди франци на крајот од 2021-ва година и ја открил големината на потенцијални загуби бидејќи санкциите на Западот ја исклучиле Русија од глобалниот финансиски состав.