Бајден: Задолжителна вакцинација во сите компании со над 100 вработени

Американскиот претседател Џозеф Бајен изјави дека сите вработени во компании со најмалку 100 вработени ќе мора да се вакцинираат или ќе одат на редовни тестови за ковид, пренесува „Си-Би-Ес њуз“.

Белата куќа проценува дека оваа наредба ќе влијае на повеќе од 80 милиони работници во Америка.

Реклама

„ Мојата претседателска работа е да ги заштитам сите Американци. Така, вечерва ја информирам јавноста дека Министерството за труд развива закон за итни случаи, кој ќе бара сите вработени во компании од најмалку 100 луѓе да бидат целосно вакцинирани или да мора еднаш неделно да покажуваат дека се негативни на тестот за ковид“, рече Бајден, додавајќи дека многу големи компании веќе го имаат ова правило.

Тој додаде дека суштината е дека Америка ќе ги заштити вакцинираните работници од невакцинирани колеги.

Бајден, исто така, рече дека вакцинацијата ќе биде побарана од здравствени работници кои прифаќаат еден од двата вида здравствено осигурување – „Медикер“ или „Медикејд“ – како и за сите државни вработени и изведувачи и некои други категории.

Новата задолжителна вакцинација е дел од стратегијата на Белата куќа во шест чекори во борбата против вирусот, стратегија која вклучува и давање трета, засилувачка доза, со цел да се спречи зголемен број случаи, хоспитализации и смртни случаи од ковид.

Шесте чекори вклучуваат вакцинирање на невакцинираните, зајакнување на заштитата за вакцинираните, одржување на училиштата отворени и безбедни, зголемување на бројот на тестови и барање маски, заштита на економското закрепнување и зголемување на здравствената заштита за луѓето со ковид.

Реклама