Бајден на новинарите случајно им покажал лист хартија со упатства како да се однесува во текот на конференцијата

Џо Бајден денеска одржал состанок во Белата куќа со водечките луѓе од енергетскиот сектор, а во таа прилика на американскиот претседател му се случила уште една во низа непланирана ситуација.

Имено, во текот на денешната конференција за медиумите, Бајден случајно покажал лист хартија кој го подготвил неговиот персонал и кој вклучувал специфични упатства за него како „седнете“, „дајте краток коментар“, „заблагодарете им се на учесниците“, „заминете“…

Google search engine

Упатствата на 79-годишниот американски претседател ги снимиле фотографите откако Бајден го држел листот во рака додека се обраќал на состанокот со раководителите на индустријата за ветер во четвртокот.

На упатствата за претседателот, помеѓу останатото, пишува и да „влезе во Рузвелтовата соба и да ги поздрави учесниците“.

За потсетување, претходно во март Бајден беше забележан како носи ливчиња на кои биле напишани зборови врзани за неговите коментари за рускиот претседател Владимир Путин.

Image

Повеќето републиканци и конзервативци ја споделија оваа вест на социјалните мрежи, а сето ова се случува во момент кога до следните избори остануваат само уште неколку месеци.