Бајден фатил девојка за рамо и ѝ рекол: „Немој пред да наполниш 30 години…“

Американскиот претседател Џо Бајден повторно се најде во центарот на вниманието откако фатил млада девојка за рамо и ѝ рекол „нема сериозни врски со момчиња додека не наполниш 30 години“.

Настанот се случил за време на неговата посета на колеџот Ирвин Вали во Калифорнија. Кога претседателот го завршил своето обраќање во колеџот, застанал да позира со некои од оние кои се собрале да го слушаат.

Google search engine

„Сега, многу важна работа што им ја кажав на моите ќерки и внуки – нема сериозни врски со момци до 30 години“, ѝ рекол Бајден на збунетата девојка која позирала со нејзините другарки.

Овој момент бил документиран од репортерот Кајлен Д’Алмеида, кој потоа го објави на Твитер. Кајлен истакнува дека агент на Тајната служба се обидел да го спречи да снима кога се случувала непријатната случка.