Американскиот претседател, Џо Бајдеин изјави дека го предупредил рускиот претседател, Владимир Путин, дека Москва ќе се соочи со тешки економски последици доколку се обиде да ја нападне Украина, но вети средба poмеѓу Русија и НАТО сојузниците наскоро за да се реши загриженоста на Кремљ за проширувањето на НАТО кон Исток. Како што соопштуваат Бајден бил „многу отворен“ со Путин за време на вчерашниот разговор.
Сигурен сум дека ја разбравте мојата порака, изјави Бајден пред Белата куќа пред да замине на патување во Канзас.
Запрашан од новинарите дали ќе ја вклучи американската војска на терен за да ја запре Русија, Бајден изјави дека опцијата не е на маса и дека посветеноста на САД да ги заштити сојузниците во НАТО не се однесува на Украина, која не е дел во Атлантската алијанса.
Бајден изјави дека Соединетите Американски Држави, нивните сојузници и Русија треба да седнат и да разговараат за поплаките на Москва поради проширувањето на НАТО.
Се надеваме дека ќе можеме да објавиме состанок на високо ниво до петок, најмалку четири главни членки на НАТО заедно со Русија за да разговараат за загриженоста на Русија во врска со проширувањето на НАТО и што можеме да направиме за да ги намалиме тензиите долж Источниот фронт (во Украина), изјави Бајден.
Путин вети дека Москва за неколку дена ќе ги испрати своите предлози за решавање на безбедносните прашања до САД. Тој повтори дека не планирал напад на Украина, но изјави дека Москва не може да остане рамнодушна на можното проширување на НАТО.