Американскиот претседател Џо Бајден одвај успеал да ја заврши реченицата додека зборувал за претседателот на Украина Володимир Зеленски, дека дал зелено светло за уште една милијарда долари воена помош, кога украинскиот претседател почнал да ја набројува сета дополнителна помош која му е потребна, а која не ја добил. Како што јавува „NBC“, Бајден тогаш ги изгубил нервите.
Тој телефонски разговор меѓу двајцата лидери бил различен од претходните, тврдат четири лица запознаени со повикот. Бајден одвај успеал да го извести Зеленски за одобрувањето на новата помош, кога украинскиот претседател почнал да ја набројува сета помош која и е потребна на Украина. Бајден тогаш ги изгубил нервите, велат лицата запознаени со разговорот.
Кревајќи го тонот рекол дека американскиот народ бил прилично великодушен, а неговата администрација и американската војска напорно работеле за да и помогнат на Украина и дека Зеленски би можел да покаже малку повеќе благодарност, велат изворите.

Службениците на администрацијата на американскиот претседател велат дека односот меѓу Бајден и Зеленски од телефонскиот разговор само се подобрил, со оглед на тоа дека Зеленски дал изјава во која ги пофалил САД поради нивната великодушна помош.
Но, овој судир ја одразува раната свест на Бајден дека и конгресната и јавната поддршка за праќање на милијарда долари во Украина би можела да се намалува. Тоа се случува во момент кога Бајден се подготвува да побара од Конгресот да побара да издвои уште повеќе пари за Украина, наведува „NBC“.

Бајден, имено, се соочува со отпор од некои републиканци и демократи кои не биле присутни кога Конгресот ги одобрил претходните средства за Украина, пренесува „Jutarnji List“.