На руските социјални мрежи се појавија слики од подземниот дел на фабриката Азовстал во Мариупол.
Подземниот дел од фабриката Азовстал е изграден во советско време. Во случај на можна нуклеарна војна длабоко под фабриката биле изградени и бункери.
– Немаат проблеми со храната, но со вода – имаат проблеми. Нашите специјални сили се приближуваат до подземните галерии на Азовстал. Задачата е да се блокира излезот – пишуваат на социјалните мрежи.