Азовци умираат во Челичарницата, пијат една чаша вода на ден: Се огласија сопругите на војниците од Азовстал: Знаеме кој направи предавство во Мариупол!?

Украинките чии сопрузи и момчиња во полкот Азов биле заробени во фабриката за челик Азовстал тврдат дека тие не се неонацисти и бараат помош за евакуација.

Сопругите и девојките на борците од Азов кои се уште се во тунелите на фабриката за челик Азовстал во Мариупол зборуваа за британски Телеграф.

Google search engine

“Синоќа разговарав со Дмитриј. Тој напиша дека им останало само малку ориз и дека се обидуваат да направат некакво брашно”, вели Хана Науменко, свршеницата на Дмитри Данилов (29), која тврди дека мобилната врска била страшна и дека комуницирале со СМС.

Жените од Украина чии сопрузи беа заробени во Азовстал, исто така разговараа со папата Франциско оваа недела, надевајќи се дека тој ќе може да интервенира.

“Тој рече дека сака да подготви хуманитарен коридор за Азовстал, но Путин не сакаше да ги пушти војниците”, рече Јулија Федосјук, чиј сопруг Арсениј Федосјук (29) е наредник во Азов.

“Зборував со мојот сопруг синоќа. Тој рече дека јадеше само еднаш и испи само една чаша вода. Тие се без храна, без вода. Тој е исцрпен. Зборува многу бавно”, рече Катерина Прокопенко, мажена за потполковник Денис Прокопенко (30).

Олга Андријанова (31) ретко разговара со својот сопруг Серхиј (26).

“Тој беше ранет. Ми рече дека останале без лекови. Тие умираат бидејќи немаат соодветна медицинска нега. Раните им скапуваат. Нашите сопрузи се обични луѓе, патриоти, а не неонацисти. Тие ја сакаат својата земја и се борат за нашите заеднички вредности”, вели Јулија.

Овие жени упатија и сериозни обвинувања против командата на украинската армија, обвинувајќи ги за лошо раководство, а некои и за предавство.

“Азов беше подготвен да биде опколен, но тие се надеваа дека украинските вооружени сили во градовите во близина на Мариупол ќе помогнат”, вели Јулија.

Таа дури сугерира дека Володимир Барањук, командант на украинската 36-та поморска бригада во Мариупол, “имал блиски контакти со Русите”.

Прво беше објавено дека Барањук во април водел храбар обид да ја пробие опсадата, но Јулија вели дека реалноста е “дека тој се покажал како предавник и отишол во руско заробеништво дури и кога маринците сè уште имале оружје за борба”.

“Нашите сопрузи ќе се борат, ќе се борат до крај и ќе умрат таму. Секој војник на Азов кој се предал во изминатите осум години бил мачен и убиен. Пред еден месец бил заробен еден војник. Русите снимале пропагандни видеа со него, а потоа бил мачен и го убија, а неговото мртво тело беше фотографирано и испратено кај мајка му. Затоа целиот свет треба да разбере дека заробеништвото не е опција за Азов”, рече таа.