АВТОМОБИЛ ЛЕТА КАКО ВО ИГРА: Камерата пред тунелот сними НЕВЕРОЈАТНА сцена, видеото остава БЕЗ ЗБОРОВИ (ВИДЕО)

Надзорните камери пред тунелот Борик во Словачка снимија неверојатна сцена.

Словачката полиција еднаш објави видео на Фејсбук на кое се гледа како автомобил „БМВ“ се приближува до тунелот и благо свртува надесно.

Google search engine

Пред да влезе во тунелот, автомобилот се качил на бетонската ограда и буквално влетал во тунелот.

Потоа возилото удрило во таванот од тунелот, а потоа паднало на тркалата. Во БМВ-то имало само 44-годишен возач, кој избегал без поголеми повреди.

Не ја соопштија точната причина за несреќата, но се знае само дека алкотестот бил негативен. Написот првично беше објавен во 2018 година, но сцената што беше снимена сè уште инспирира неверување до ден-денес.