Мисицата страда од антисоцијално пореметување на личноста и тврди дека поради таа состојба ги изневерувала сите момчиња и дека притоа не чувствувала грижа на совест.
Каника Батра на својот Јутјуб канал објавила видео под називот „Интервју со социопат“, во кое зборувала за своето ментално здравје.
Финалистката на избор на Мис Австралија, тврди дека ја процениле 10-на психијатри кои заклучиле дека е ‘антисоцијална и нарцисоидна’ личност. Симптомите вклучуваат недостаток на емпатија, занемарување на другите и склоност кон лажење и манипулација.
Тврди дека ѝ е тешко да биде ‘морално добра’ личност и дека ѝ е полесно да биде неверна, особено бидејќи никогаш не чувствува вина и срам поради нејзините постапки. Моментално има вереник, иако признава дека изневерила многу партнери претходно.

Каника вели дека им ја покажува својата лоша страна на луѓето кои ја повредиле и дека знае да биде прилично одмаздољубива. Иако грижата на совест не ѝ претставува проблем, се обидува да не ја повторува истата грешка двапати. Се обидува да биде искрена со момците, но својата дијагноза не им ја открива додека не се зближат. Тврди дека поради нејзината состојба ги ‘бомбардира со љубов’, односно претерано им посветува внимание.
Имитирајќи ги другите научила емотивни одговори, а сега се изградила врз идентитетот на блиските луѓе.

„Кога сето тоа би го отстраниле, во срж не би останало ништо. Многу тажно“, објаснила таа. Вели дека морала да научи да трепка, бидејќи некогаш без престан ги гледа луѓето во очи и со тоа ги избезумува.
Каника не сака деца додека не помине низ комплетна терапија и додека не биде сигурна дека може да биде покрај нив физички, емотивно и финансиски.