Австралијка првпат пробала ракија: Видеото од нејзиното однесување е хит на социјалните мрежи

На оваа девојка ѝ се смеат сите оние коишто го виделе видеото на социјалните мрежи.

Австралиската манекенка Луси Џејд првпат во животот се соочила со ракија која прилично очекувано – ја „прегазила“.

Google search engine

Девојката не била подготвена на последиците од пијалакот кај кој содржината на алкохол може да надмине дури и 60 отсто (вообичаено изнесува 40 отсто), а покрај сето тоа таа имала и мала незгода – некој ја следел со камера и го снимал нејзиното однесување.

Благодарение на таа личност, корисниците на ТикТок добро се насмеале, па во описот на видеото дознале дека Луси малку се „заиграла“ со семејството на својот сакан.

„Доколку госпоѓата не е Европјанка, не ѝ дозволувајте да пие ракија со вашето семејство цел ден“, напишала и открила дека седум часа се дружела со „бабата“ и пијалакот кој ја „лекува душата“.

@lucie_jaidLucky my man was in the shed working on cars otherwise he would’ve seen how off chops I was after 7 hours with baba 😰 🤣

♬ original sound – LUCIE JAID 🤘🏼👽