Авион се урна во предградие во Калифорнија (Видео)

Најмалку две лица загинаа кога авион „Цесна 340“ се урна во предградие на Сан Диего во Јужна Калифорнија.

Се верува дека меѓу загинатите е и пилотот на авионот. Малиот авион удрил во комбе, а возачот загинал.

Google search engine

 

Повредени се најмалку две лица, меѓу кои и една жена која соседите ја извлекле низ прозор на куќа во која настанал пожар по несреќата.

Авионот летал кон аеродромот „Монтгомери-Гибс“ кога се урнал, а непосредно пред падот, контролорот го предупредил пилотот дека лета премногу ниско.