Авион полетал во 2023 година, а слетал во 2022 година

Временските зони секако може да ги збунат и веројатно ги збуниле патниците на летот од Сеул, Јужна Кореја до Сан Франциско, САД на Нова година, што значи дека се движел од 2023 до 2022 година.

Авионот полетал од Сеул 35 минути по полноќ, а во Сан Франциско треба слетал во 17 часот и 14 минути. Временската разлика помеѓу овие два града е дури 17 часа, иако самиот лет трае околу 9 часа.

Google search engine

Следбениците на „Flightradar24“ кои го објавија ова на Фејсбук се воодушевени, а некои раскажуваат во какви ситуации се нашле.

„Еднаш патував од Сиднеј до Хонолулу со лет од 10 часа. Авионот полета во 18 часот во сабота и пристигна во Хонолулу во 7 часот наутро, исто така во сабота! Уживав во две саботи“, вели еден корисник.