Aвганистанска ѕвезда во филмови за возрасни. Нејзините татко и братучед планирале да ја убијат, а повеќето прегледи на нејзините снимки доаѓаат од Блискиот Исток.

Со семејството не сум во контакт, во мене внесоа само страв, рекла една авганистанска ѕвезда во филмови за возрасни. Нејзините татко и братучед планирале да ја убијат, а повеќето прегледи на нејзините снимки доаѓаат од Блискиот Исток.

Јасмина Али се родила во Кабул и растела под строгиот талибански режим. Нејзиниот татко им помагал на британските и американските трупи со преведување, па добил азил во Велика Британија.

Google search engine

Јасмина имала 10 години кога се преселила во Англија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yasmeena (@yasmeena.eu)

Нејзините татко и братучед планирале нејзино убиство

„Родителите во мене внесуваа само страв. Бог, пекол, казна. Татко ми ми кажа дека ќе ме убие ако се откажам од исламот“, рекла Јасмина за “New York Post”, единствената авганистанска порно актерка.

Откако како тинејџерка побегнала со родителите во Англија, се омажила за еврејски фотограф и влегла во бизнисот со филмови за возрасни.

Тоа многу го потресло нејзиното семејство, па нејзините татко и братучед планирале нејзино убиство. Платениот убиец тоа требало да го заврши за 70.000 долари, но полицијата на време ја открила целата операција и тие завршиле во затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yasmeena (@yasmeena.eu)

„Нема талибанците да ми кажуваат што смеам со своето тело“

„Воопшто немам контакт со семејството, никогаш не ми кажаа што мислат за мојата кариера. Единствено што се сеќавам е дека ми внесуваа страв. Сега сум слободна и со своето тело правам што сакам“, раскажала Авганистанката, која се изненадила од тоа колку добро се платени жените во индустријата за филмови за возрасни.

“Во многу професии жените, дури и кога се поквалификувани, се исто или послабо платени од мажите. Тука е поинаку, жените се многу подобро платени од мажите”, рекла Али.

Пораснала под строгиот талибански режим, но Јасмина смета дека таквите сексуално репресивни општества всушност се опседнати со тие содржини. Додала дека повеќето прегледи на нејзините снимки доаѓаат од Блискиот исток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yasmeena (@yasmeena.eu)

Најмногу прегледи од Блискиот исток

Вели и дека не би се изненадила и ако талибанците ги гледаат нејзините жешки видеа.

„Тоа е лицемерно, талибанците имаат толку строги правила, а не би се изненадила да ме гледаат. Во исто време им ги ускратуваат правата на жените. И на компјутерот во резиденцијата на Осама бин Ладен биле пронајдени порнографски снимки“, рекла Али.

Следи и што се случува во нејзината татковина, Авганистан.

„Ги тепаат луѓето бидејќи не сакаат да се покорат на талибанските правила. Расте насилството во семејствата, а мажите кои се геј се плашат тоа да го покажат бидејќи ќе ги убијат. Знам дека сум им на радар на талибанците, но не се плашам. Тие не сакаат Авганистан да биде познат по актерка во филмови за возрасни. Мислат дека се сопственици на моето тело и дека ќе ми кажуваат што да правам со него. Долго ми требаше да се ослободам од стравот кога мечтаев за тоа што ми беше забрането“, рекла Али.