„Астра зенека“: Терапијата со антитела не успеа да спречи развој на коронавирус

Англиско-шведскиот производител на лекови „Астра зенека“ објави дека нивната терапија со моноклонални антитела, AZD7442, не помага во превенција на болеста од Ковид-19 кај лица кои биле изложени на коронавирус.

Компанијата соопшти дека во студијата учествувале невакцинирани лица постари од 18 години, кои биле во контакт со заразените во последните осум дена.

Google search engine

Во споредба со плацебо, AZD7442 го намали ризикот од развој на симптоми на коронавирус за 33 проценти, што не е статистички значајно, соопшти компанијата.

Од „Астра зенека“ ја испитуваат ефикасноста на лекот кај веќе заразени пациенти и спречување на развој на потешки форми на болеста.

„Иако лекот не ја исполни примарната цел да спречи појава на симптоми, ние сме охрабрени од заштитата што им ја пружи терапијата AZD7442 на учесниците со негативен ПЦР тест“, рече Мене Пангалос, извршен потпретседател за истражување и развој во „Астра зенека“.

Владата на САД го поддржа развојот на AZD7442.

Компанијата постигна договор со Соединетите Американски Држави во март за испорака на половина милион дози на лекот, а во вторникот беше објавено дека во тек се преговори со американската влада за понатамошни чекори.

Ривалските компании „Регенерон фармацеутикалс“ и „Ели Лили и Ко“ развија слични производи кои се состојат од моноклонални антитела и се одобрени за употреба во САД.

Терапијата со моноклонални антитела е класифицирана како група лекови кои имитираат природни антитела што ги произведува телото за борба против инфекцијата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри терапијата со Регенерон и сега проучува слични лекови од производителите Ели Лили, Целтрион и еден лек развиен од „ГлаксоСмитКлајн“ и „Вир биотехнологија“.

ПретходнаУЕФА подготвува жестока казна за Арнаутовиќ
СледнаСе појавија шокантни снимки од лабораторијата во Вухан. Нов доказ за ковид-19!? (видео)